Google објави дека официјално ја купува компанијата Fitbit, еден од најпопуларните светски производители на носечки уреди, со што се потврдени гласините од пред неколку дена. Во својата објава до инвеститорите, Fitbit истакна дека Google понудил 7,35 американски долари по акција, со што вкупната вредност на компанијата изнесува околу 2,1 милијарди американски долари.
Google истакна дека оваа аквизиција претставува можност за понатамошно проширување на инвестицијата на компанијата во екосистемот Wear OS, вклучително и потенцијал за креирање носечки хардвер на Google во иднина. Google веќе има солидна разновидност на хардверски производи, вклучувајќи ги Pixel и Nest линиите, а носечките уреди би можеле да бидат суштински дел од екосистемот на производи на компанијата.
За Fitbit, овој договор ја означува потребата за компанијата да преживее на пазарот, бидејќи нејзините уреди почнаа да бележат пад во однос на пазарниот удел.