Благодарение на компјутерите и современиот софтвер, слепите и слабовидните луѓе сега можат да чувствуваат форми. Тим истражувачи од универзитетот Стенфорд пронајде начин да им прикаже 3D информации на луѓето кои не гледаат. За таа цел, дизајнираа „2.5D“ дисплеј направен од столбови кои се подигнуваат и спуштаат и на тој начин креираат тродимензионални слики.
Уредот се состои од матрица од 12 x 14 колони со заоблени врвови и мотори кои обезбедуваат подигнување на секоја индивидуална колона да се издигне до точно дефинирана висина. На овој начин, 3Д-формите на екранот можат да се менуваат во реално време.
Името „2.5D“ е дадено бидејќи уредот не е во состојва да го прикаже целосниот објект. Исто така, резолуцијата е ограничувачки фактор, но тоа е проблем што е заеднички за сите тактилни дисплеи. Тие се многу ретки денес и затоа се многу скапи. Идејата е на интуитивен начин да се долови 3D-објектот, а овој систем е нешто што е најблиску до него. Неговата предност е што објектите можат да се менуваат многу брзо и флуидно, практично во реално време.
Овој уред е сè уште далеку од комерцијален производ. Моментно се наоѓа во фаза на функционален прототип и иако за таа фаза е прилично „исполиран“, има уште доволно простор за негово одобрување. Идејата е да се работи на намалувањето на обемот на колоните, како и на зголемување на резолуцијата на дисплејот.