Соединувањето на двете автомобилски групации ќе биде во форма 50:50, така што акционерите на двата ентитета ќе имаат по половина во новата компанија
Со соединувањето на Fiat Chrysler и Peugeot во една групација, оваа алијанса ќе стане четвртиот најголем производител на автомобили во светот, со оглед на бројките кои велат 8,7 милиони продадени возила минатата година.
Ако ги погледнат податоците од минатата година, FCA и PSA заедно имале приход од неверојатни 170 милијарди евра. Сепак, соединувањето не мора да значи подобро работење за сите брендови под капата на нов автомобилски гигант.
Прагматичното раководство на PSA сигурно ќе инсистира на затворање на сите брендови кои создаваат губитоци, како и гасење на модели кои не резултираат со соодветна продажба.
Ќе биде интересно да се види како ќе изгледа иднината за Alfa Romeo и Maserati во рамките на FCA, бидејќи PSA има само еден премиум бренд во своето портфолио. Како и да е, соединувањето помеѓу италијанско-американската алијанса и француската група создава ривал кој ќе може да ја целосно да ја предизвика групацијата Volkswagen во Европа.
На чело на новоформираниот ентитет ќе стои управен одбор од единаесет члена. Првиот извршен директор на новата компанија ќе биде веќе докажаниот Карлос Таварез, додека Џон Елкан ќе продолжи да ја предводи FCA.