Хакирањето на апликацијата WhatsApp за прв пат беше споменато во мај, а сега Facebook со тужба практично потврди дека тоа и се случило!

Facebook ја тужеше израелската технологија технологија NSO Group под основано сомнение дека ja користела апликацијаta за комуникација WhatsApp за сајбер шпионирање на новинари и активисти за човекови права, пренесуваат израелските медиуми.

Во тужбата поднесена кон крајот на октомври до судот во Калифорнија се наведува дека групата го прекршила федералниот кривичен закон за компјутери, користејќи го недостатокот на популарната програма за комуникации, кој  возможува да се навлезе во мобилниот телефон преку пропуштени повици, објави AP.

NSO Group на големо се обвинува дека им продава уреди за надгледување на репресивните влади.

Facebook верува дека околу 100 активисти за човекови права и новинари биле мета на операциите на компанијата откриени во мај.

NSO групата не одговори веднаш на молбата да ја искоментира тужбата.

Шпиунскиот софтвер кој го создаде вештата група хакери ја искористи маната во кодот на популарната апликација за допишување, WhatsApp и ја презема контролата над се уште неоткриениот број на телефони“, соопшти Facebook, во чија сопственост е WhatsApp.

 

Малверот влегувал во телефоните преку пропуштен повик во рамките на апликацијата, а со вирусот биле заразени телефони на непознат број луѓе.