Децата од 6 до 13 години можат да ја развиваат и поттикнуваат својата креативност во скопската Робо Академија. Познатите ЛЕГО коцки во комбинација со СТЕМ програмата нудат едукација, другарување и развивање на вештините.
„Идејата за Робо Академијата потекнува од партенрството кое го имаме со Акетх иноватионс Лаб, кои претставуваат интернационална компанија специјализирани за СТЕМ едукацијата. Тие се лидери на пазарот во Грција, така што програмата ја воведовме и кај нас, со цел да придонесеме за иднината на нашите деца“ вели Андреј Колев од Робо Академијата.
ЛЕГО едукацијата е позната и развиена во светот. Со неа се изучува кодирање, тимска работа, дружење, математика.
„Креативноста на секое дете се поттикнува преку игра. Тие креираат свои роботи кои потоа и ги програмираат. Со тоа учат дигитални вештини, но и тимска работа. Родителите треба да го увидат потенцијалот на ЛЕГО коцките во комбинација со СТЕМ едукацијата и со тоа ги подготвуваат децата за дигиталниот свет“ додава Колев.
На часовите предаваат лиценцирани професори. Учењето се состои во три фази. Првата е основна и е наречена „we do“. Втората фаза е напредна и е наречена „mindstorm“, во неа се изучува кодирање со предавања од професори по информатика. Третата фаза предвидува креирање на цели проекти со кои потоа се учествува на натпревари низ Европа.
Курсевите се креирани така што постојано бараат креативно и логично размислување.
„Робо академијата им помага на децата да се развијат побрзо и да се насочат за кариера во инженерството и програмерскиот свет“ потенцира Колев.
Поврзани артикли