Германскиот гигант на 19 декември ќе го претстави новиот ID електричен концепт.
Volkswagen деталите за новиот концепт на струја засега ги држи во тајност, а најавата за премиерата е илустрирана со скица за концептот ID Vizzion.
Новиот електричен концепт, публиката ќе може да го види веќе од 20 ноември во рамки на изложбата „Building an Electric Future“ која ќе се одржи во Музејот на автомобили Петерсен во Лос Анџелес.
Volkswagen со оваа изложба на посетителите ќе им ги претстави плановите на компанијата за иднината, а во која ќе доминираат електричните автомобили.
На изложбата ќе бидат прикажани четири ID електрични концепти кои германскиот автомобилски гигант ги претстави досега.
Поврзани артикли