Вашата тастатура крие некои сериозни тајни од вас.
Доколку сакате да се пошегувате со некој или пак да барате работи кои ќе ви го “олеснат“ животот не грижете се, вашата тастатура е тука за вас.
Ова се некои од најинтересните “трикови“ кои може да ги правите со вашата тастатура и кои ќе ви го олеснат животот.
1. Превртување на екранот
Доколку сакате да се пошегувате со вашите колеги, во исто време притиснете Alt+Ctrl+ било кое копче со стрелка, екранот ќе се преврти наопаку или пак во правецот на вашиот избор.
2. Заклучете го компјутерот
Доколку не сакате да го исклучите вашиот компјутер, но исто така не сакате вашите колеги да зјапаат во вашиот екран тогаш овој совет е за вас.
Притиснете Windows тастер+L и ќе го заклучите компјутерот, а Windows ќе зачува сè што дотогаш сте правеле на вашиот компјутер.
3. Минимизирајте ги сите прозорци во исто време
Многу лесно може да се изгубиме доколку имаме премногу отворени прозорци, особено доколку сакаме сите да ги затвориме. За да не кликате на секој поединечен прозорец, едноставно притиснете Windows+M.
4. Отворете ги сите достапни игри
Доколку во Windows 10 притиснете Windows+G во исто време тогаш може да ги отворите сите игри кои се достапни на вашиот компјутер.
5. Вратете го последниот прозор во вашиот web пребарувач
Дали одненадеж сте морале да ги затворите сите прозорци кога сте биле на интернет, а сега не сакате да го трошите вашето време за повторно да отворите сè? Едноставно притиснете Windows+Ctrl+M за во моментот да го вратите изгубеното.
Извор: Telegraf.rs