Xiaomi следната недела ќе го објави Mi CC9, а телефонот ќе пристигне на глобалните пазари под името Mi Note 10. Уредите нема да биде достапни во исто време – Mi CC9 Pro ќе пристигне во Кина на 5. ноември, додека глобално ќе се појави на 14. ноември. Ова беше објавено на страницата на Xiaomi Полска страницата на Facebook.
Xiaomi Mi CC9 Pro, односно Mi Note 10, ќе има систем со пет камери, поставени вертикално, а главниот сензор ќе има резолуција од 108MP, како и два dual-LED блица. Ќе бидат присутни 5x телефото-леќи, кои во комбинација со 10x дигитален зум може да одат и до 50x хибридно зумирање.
Xiaomi, во меѓувреме, објави дека Mi CC9 Pro ќе има батерија од 5260mAh, со поддршка за брзо полнење од 30W. Ова ќе му овозможи на телефонот за 30 минути да се наполни до 58 проценти, односно 65 минути до врв.
Кога станува збор за функциите, Mi CC9 Pro/Mi Note 10 ќе го користи чипсетот Snapdragon 730G, ќе има 6,47-инчен OLED екран и ќе биде достапен во опции со 6 GB/8GB/12GB RAM и 64 GB/128GB/256GB простор за складирање. Варијантите на бои на телефоните ќе ги вклучуваат Magic Green и Ice and Snow Aurora.