Samsung официјално ги претстави своите Galaxy Book Flex i Galaxy Book Ion лаптопи, а двата модела ги карактеризираат QLED дисплеи и поддршка за Project Athena на Intel.
Лаптопите ќе бидат достапни во варијанти со 13,3-инчни и 15,6-инчни екрани, а пристигнуваат со Thunderbolt 3 полнење, WiFi 6 поддршка и 1TB NVMe простор за складирање. Galaxy Book Flex ќе се испорачува со Intel 10nm Ice Lake процесори, додека Galaxy Book Ion ќе биде достапен со 10. генерација Comet Lake процесори. Двата модела ќе имаат до 16GB LPDDR4X или DDR4 меморија.
Лаптопите пристигнуваат со гореспоменатите QLED дисплеи, за кои се истакнува дека се први од ваков вид на овие уреди и ќе понудат максимално осветлување од 600 нита. Ова ќе ги направи лаптопите идеални за гледање содржини на отворен простор. Двата лаптопа со 15,6-инчни екрани имаат и Nvidia M250 графички чипови.
Во сегментот на просторот за складирање, лаптопите ќе имаат до 1TB NVMe SSD, при што Galaxy Book Ion ќе нуди голем број на дополнителни SSD слотови за проширување.
Двете лаптопи ја поддржуваат функцијата Wireless Powershare, која им овозможува на лаптопите да ги полнат Qi-компатибилните телефони, Galaxy Buds или другите уреди.
Покрај Galaxy Book Ion и Galaxy Book Flex моделите, Samsung го објави и Galaxy Book S – лаптоп што го користи претстојниот Lakefield процесор на Intel. Ова ќе им овозможи на купувачите на Galaxy Book S да имаат лаптоп со Intel/x86 процесор наместо Qualcomm/ARM варијантa.