Motorola Solutions подготвува нова верзија на воки-токи уредот, прв пат додавајќи поддршка за екран чувствителен на допир и гласовни команди.
Новата верзија на уредот го носи името APX Next и нуди стандардна LMR (land mobile radio) конекција, како и нова LTE врска, а исто така му испраќа и информации на операторот за локацијата на која се наоѓа оној што го носи уредот. Вистина е дека овие опции се достапни кај мобилните уреди со години, но не беше лесно да се имплементираат во уредите кои се наменети за итните служни, бидејќи е неопходно екранот осетлив на допир да функционира и на дожд или кога корисникот носи ракавици.
Покрај тоа, мораше да се внимава LTE да не влијае на LMR конекцијата, која е витална во кризни ситуации кога мобилните мрежи не се во функција. На крајот беше потребно и гласовните команди да се прилагодат на кризните ситуации, поради што се разликуваат од оние кај паметните телефони, па така за стартување се користи копче наместо зборови за активација, бидејќи во кризните ситуации често не се слушаат.
Новата ера воки-токи уреди е тука, па и најновите технолошки точки полека се прилагодуваат на барањата на модерното време. Цената на новите уреди сè уште не е позната, па останува да се види колку ќе влијае на брзината на усвојување на новата воки-токи генерација.