Espresso Displays е австралиска компанија која во моментов развива преносен монитор со истото име. Финансиските средства за негова изработка беа собрани преку кампања за финансирање пари на Kickstarter и судејќи според собраната сума, Espresso Displays не е под знак прашање.
Имено, компанијата побара од вложувачите само 10.117 долари, а доби значително повеќе – 149.539 долари. Бидејќи до крајот на кампањата останаа уште 27 денови, се очекува дека собраната сума ќе биде и поголема. Espresso Displays ќе пристигне во две големини – 13,3“ i 15,6“ и по малопродажни цени од 320 и 350 долари. За време на траење на кампањата можат да се преднарачаат со попуст од 40 проценти. Во понудата ќе биде и дополнителна опрема како стајлуси, заштитни корици и метален сталак.
Двата монитора, со исклучок на големината на екранот, ги делат истите спецификации, што е малку чудно. Тие се чувствителни на допир и поддржуваат до десет истовремени точки на допир. Нивната резолуција е 1.920 x 1.080 пиксели, осветлувањето е 300 нита, контрастот е 800:1, а видливите агли се 170 степени. Нивното куќиште е изработено од алуминиум, тежи 690 грама, а екранот е заштитен од оштетување со стакло. Мониторот има два порта – USB Type-C и mini HDMI порт.
Производителот наведува дека крајната дебелина на мониторот ќе биде помала од пет милиметри. Благодарение на тоа, Espresso Displays се смета за најтенок преносен монитор на светот. Мониторот ќе може да се користи на голем број уреди, на PC и Mac компјутерите, играчките конзоли, iPad Pro и поновите паметни телефони на Samsung, Huawei и Apple.