За да ги видите овие места, не треба да резвервирате карта за лет во вселената, затоа што сите овие места можат да се најдат на Земјата.
Кога самостојно планирате патувања на нови места, размислете за дестинациите кои можете да ги видиме само на едно место во светот.
Шарени дини
Ова единствено место може да се најде во Националниот парк Ласен Вулканик во Калифорнија, САД. Таму помеѓу останатите, се створени сликовити дини од слоевите на оксидираниот вулкански пепел. Сивите подрачја се испреплетени со црвени и портокалови дамки кои се надополнети со зелените дрвја.
Сите заедно создаваат еден посебен пејсаж кои изгледаат како да се од некоја друга планета. Покрај шарените дини, вукланскиот национален парк нуди и многу други природни чуда. Тоа е едно од ретките места на кои се наоѓаат сите четири видови на вулкани.
Улуру – огромна карпа од вселената
Улуру (Ајерс Рок) е една од најинтересните туристички атракции на Австралија. Тоа е втората најголема карпа на светот. Висока е преку 300 метри и има обем од 8 километри – прошетката околу неа трае речиси 3 часа. Во зависност од добата на денот, карпата ја менува својата црвена нијанса.
Меѓутоа, покрај самото визуелно искуство, таа нуди и духовно и кутурно искуство. За Абориџаните, староседелскиот народ на Австралија, тоа е свето место. Во 1950 година, Ајерс Рок станал национален парк. Исто така се наоѓа на листата на светските национални богатства на УНЕСКО.
Хорсшу Бенд
Следната дестинација е вистински рај за фотографите. Хорсшу Бенд (потковица) се ноаѓа во близина на реката Колорадо која се витка околу сликовитиот кањон Глен, што создава необична коњска поктовица. Карпите содржт разни минерали, вклучувајќи платина или хематит.
Имајќи предвид дека овде, вреди да се посети и резерватот на племето Невахо и кањонот Антилопа кои се наоѓаат во близина. Тоа е еднакво спектакуларно и единствено како Хорсшу Бенд, што го потврдуваат многубројните фотографи кои го посетуваат секоја година. Најскапата фотографијата на светот доаѓа од овој кањон, за кој еден приватен колекционер платил дури 6,5 милиони долари.
Поврзани артикли