Вселенскиот авион „Х-37Б“ на американските воздухопловни сили се спушти во вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА речиси две години по неговото лансирање соборувајќи го сопствениот рекорд за најдолг престој во вселената, а неговата мисија останува во тајност, пренесува РТ.
Авион без човечки екипаж, кој изгледа како минијатурен вселенски шатл, вчера се врати на Земјата заокружувајќи ја својата задача во орбитата 780 долги дена. Првично создаден да помине до 240 дена во вселената, врвниот таен авион досега извел пет мисии, а секоја траеше подолго од претходната.
Овој „X-37B“ го надмина претходниот рекорд поставен на 7.5.2017 година за 62 дена.
Мистериозниот авион, чии точни цели на неговите мисии се предмет на шпекулации, слета во вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА во Кејп Канаверал, на Флорида.
„Небото повеќе не е граница за воздухопловните сили и, ако ги одобри Конгресот, на американските вселенски сили“, рече началникот на Генералштабот на воздухопловните сили, генерал Дејвид Л. Голдфејн, славејќи уште една пресвртница во развојот на тајниот проект.
Проектот првично започна како студија на НАСА за развој на економични вселенски летала за повеќекратна употреба, но оттогаш значително се прошири, претворајќи се во воен проект држен во најголема тајност.
Постојат шпекулации дека мисијата се врти околу помагање на воздухопловните сили да дизајнираат некаква футуристичка технологија за извидување, како што се микрошпионски сателити, кои можат да исчезнат додека трепнеш.
Ова е прв пат американската Влада да се одлучи за ракетата „Спејс Х“ на Елон Маск за да испрати вселенски авион во орбита. Лансирањето се случи на 7 септември 2017 година во Шестата мисија е предвидено да почне следната година.
Поврзани артикли