Компанијата Tesla ја претстави третата генерација на Solar Roof, која е направена од црно стакло и може да се монтира за само осум часа.
Елон Маск истакнува дека се потребни околу 34.000 американски долари за нов соларен покрив, што, како што тврди тој, е поповолно од тоа колку што чини редовен кров, и додаток во облик на соларни плочи. Се очекува првично да се монтираат околу илјада покриви неделно, со целта да се стигне до бројката од 20 илјади. Крововите засега се достапни само во Соединетите Американски Држави, а Маск изнесе план што сугерира на тоа дека производот во иднина би требало да стигне и во другите делови од светот.
Покривите наскоро би можеле да „заживеат“, а од компанијата Tesla предвидуваат дека покривите што не собираат енергија, во одреден момент ќе станат излишни, и дека ќе ги замененат соларни модели со поголем број на функции. Се очекува подоцна да се појават и плочи со други бои и текстури, за да може Solar Roof да се вклопува во сите стилови на градба, и така паметното собирање на енергија да го донесе во што поголем број домаќинства.