Hyundai е прв производител во автомобилската индустрија кој воведе вештачка интелигенција во системот за контрола на возењето
Вештачката интелигенција пристигнува и во милениците на четири тркала. Hyundai најави спојување на својот систем за контрола на возењето со вештачката интелигенција за да го направи возачкото искуство уште подобро.
Hyundai тврди дека станува збор за првиот систем од ваков вид во автомобилската индустрија и има намера да го инкорпорира во нивните идни модели.
„Новиот систем SSC-ML е надградба на претходната ADAS технологија за драматично подобрување на практичноста на полуавтономните способности на возилата“, објаснува Вунгјун Јанг, потпретседател на Hyundai Motor Group.
Како вештачката интелигенција да ги научи непишаните сообраќајни правила?
Покрај условите за возење, нивниот нов систем ќе ја зема во предвид и брзината со која сопственикот на возилото најчесто се вози. За сето ова, системот има цела мрежа на сензори поврзани со централниот компјутер во автомобилот, кој ги собира и учи од податоците на начини споменати претходно.
Системот е специјално дизајниран за да избегнува учење на опасни навики при возење, што ја зголемува неговата сигурност и безбедност кога се користи.
Hyundai во септември најави инвестиција и партнерство од 4 милијарди американски долари со Aptiv, компанија која ќе ги дизајнира автоматските системи за возење на Ниво 4 и 5 до 2022 година.
Поврзани артикли