Netflix знае кои корисници им ја даваат лозинката за пристап на стриминг платформата на свои пријатели и роднини, а наскоро ќе се погрижи веќе никогаш да не го направите тоа.
Компанијата веќе соопшти дека ги следи корисниците кои ја даваат својата шифра за логирање, а следниот чекор е ги спречи и тоа со помош на вештачка интелигенција.
Грег Питерс, директор на одделот за производи во Netflixu, изјави дека компанијата работи на наоѓање начини како да ги спречи оние кои ја делат својата лозинка или користат туѓа да продолжат да го прават тоа, но нагласи дека методот ќе биде „пријателски настроен кон корисниците“.
Netflix во моментов ги нуди своите услуги по почетна цена 7,99 евра месечно за еден уред, додека стандардната (за два уреди истовремено во HD) сега чини 11,99 евра наместо 10,99 евра. Премиум планот (четири уреди и ултра HD) исто така беше поскапен од 13,99 на 15,99 евра месечна претплата.
Тоа значи дека двајца луѓе може да го користат основниот пакет (сепак не во исто време), а средниот пакет може да го користат неограничено двајца со едно логирање. Тоа секако, не му одговара на Netflix бидејќи значи една претплата помалку, што е еднакво на помалку профит.
Netflix има 137 милиони корисници ширум светот, од кои 13,7 милиони не се претплатени на услугите, што значи дека компанијата губи околу 135 милиони долари месечно од „ненаплатени“ користења.
Проценката е дека поради ваквите активности на корисниците, компанијата во период од две години ќе има загуба од речиси 10 милијарди долари на светско ниво.
Netflix најде решение на овој проблем во вештачката интелигенција. Системот ќе го следи бројот на корисници што од еден профил пристапуваат на платформата и ќе ги предупредува за неовластено користење на услугите.
Токму еден ваков систем, наречен Synamedia Credentials Sharing Insight, беше претставен во почетокот на годинава на саемот Consumer Electronics Show во Лас Вегас.
Извор: B92.net