Софтверскиот гигант Google соопшти дека неговите истражувачи оствариле успех во компјутерското истражување, користејќи квантен компјутер за решавање на комплициран проблем, за што на денешниот најмоќен суперкомпјутер би му биле потребни илјадници години.
Истражувачите на Google изразија очекување дека квантните компјутери во наредните години ќе донесат напредок во секторите како што се вештачка интелигенција, наука за материјали и хемија.
Google се обидува да ги престигне ривалските компании како IBM и Microsoft за да ја комерцијализира технологијата и да ја продаде во склоп на своето работење со cloud.
„Се надеваме дека луѓето ќе почнат да ја користат на оваа технологија и дека ќе ја бараат стабилноста и интерфејсот на облакот“, рече шефот на одделението на Google задолжено за квантна технологија, Џон Мартинис.
IBM наведува дека суперкомпјутерот со различна поставка може да го реши истиот проблем за помалку од три дена, а производителот на чипови Intel смета дека практичната употреба на квантната технологија е далеку со години.
Quantum supremacy: Google claims that its quantum computer is the first to perform a calculation that would be practically impossible for a classical machine. https://t.co/nVSuC4srbD
— Nature News & Comment (@NatureNews) October 23, 2019
Гугл застана во одбрана на својата позиција, но не ги оспорува ставовите на своите конкуренти.
Произведени се само неколку чипови со 54 квибити, кои се далеку помоќни од стандардниот 64-битен чип во бројните денешни компјутери. Сепак, за оваа технологија да им биде корисна на обичните корисници, неопходно е да се произведат чипови со повеќе илјади квибити.
Поврзани артикли