Кога мислиме на печатачи, постои голема шанса да мислиме на оние големи и гломазни уреди кои се наоѓаат во канцелариите и во аглите на нашите домови. Иако тие можат да бидат совршени за местата каде што се наоѓаат, тоа значи дека печатењето во движење всушност не доаѓа во предвид. Тоа е проблем кој PrinCube се обидува да го реши.
Компанијата PrinCube тврди дека ова е најмалиот преносен печатач во боја во светот. Како што можете да видите на видеото подолу, ова е печатач кој стои на дланка, што исто така значи дека не би требало да имате проблем да го носите со себе. Се поврзува на вашиот паметен телефон преку WiFi, што значи дека можете безжично да му испратите информации кои тој ќе ги испечати.
Извор: PC Press.rs