Не е тајна дека водечките технолошки компании во САД имаат блиски односи со Пентагон. Оваа соработка потекнува уште од 70-те и времето на првите компјутери.
Xerox, PARC и Grid се некои од првите компании кои работеа за американската влада. Подоцна им се придружија Microsoft, Dell и други производители. Денес, поголемиот дел од компјутерската и обработката на податоците се врши во “облак” (Cloud Computing), а водечка компанија во оваа област e Amazon.
Компанијата, исто така се смета за фаворит за нов договор со Пентагон кој вреди повеќе од 10 милијарди долари, а војската на САД своите податоци ќе ги чува на AWS платформата на оваа компанија. Инаку, многу сојузни служби на САД долго време ја користат AWS.
Исто така, повеќето компании од Силиконската долина со години соработуваат со DARPA, како и со повеќето безбедносни служби.
Извор: Danas.rs