Новите фотографии откриваат како роверот Curiosity се снаоѓа во црвената марсовска прашина и нудат поглед на далечниот свет во кој човештвото остава свој белег.
Сликите настанаа благодарение на HiRISE камерата, која ја чува Mars Reconnaissance Orbiter (MRO), која околу Црвената планета кружи од март 2006 година. Камерата веќе некое време го следи Elysium Planitia, подрачје на кое InSight се спуштил во ноември 2018 година, а за да ги забележи промените во пејзажот, како трагите што ги остава роверот зад себе. Фотографиите се направени на 23. септември, а камерата се наоѓала на 272 километри од површината на Марс. HiRISE (скратено од High Resolution Imaging Science Experiment) камерата и претходно го фотографираше InSight лендерот, но најновите слики се најјасни досега, поради немање на песочни бури и прашина во атмосферата.
На објавените фотографии може да се види и трасата на Curiosity роверот, кој се движи кон Mount Sharp, а се работи за фотографии од мај и јули 2019 година. Роверот стигна до подножјето на планината уште во 2014 година, и оттогаш се искачува на врвот. InSight и Curiosity не се наоѓаат во близина, и ги одвојуваат 600 километри оддалеченост, па фотографиите се најдобар доказ дека и едниот и другиот дел од мисијата течат според планот.
Поврзани артикли