Првиот паметен телефон со екран на преклоп на Huawei – Mate X се очекува да биде достапен за корисниците во Кина до крајот на месецот, а сега благодарение на протечено видео, можеме да ја видиме една од наочекуваните промени во дизајнот на уредот. Споредено со претходните прототипи што ги покажаа Кинезите, конечната верзија се чини дека има ново копче за отклучување на механизмот за ширење.
Ова ќе спречи случајно отворање на дисплејот и евентуално оштетување на панелот поради тоа. Компанијата постојано ја одложуваше премиерата на пазарот на својот уред за да ги избегне проблемите со кои се соочуваше Galaxy Fold.
Ќе биде интересно да се види што друго е променето кај производот и како ќе се покаже во реалните услови меѓу потрошувачите.
Поврзани артикли