Црната дупка која се наоѓа во галаксијата Млечен пат, во која е сместен и нашиот соларен систем, беше смнимена со помош на нова технологија, дозволувајќи им на експертите подобро да ја разберат динамиката во рамките на една од најмистериозните вселенски појави.
Црната дупка со име MAXI J1820 + 070 е откриена во 2018 година и има седум пати поголема од масата на Сонцето, а од Земјата е оддалечена „само“ десет илјади светлосни години. Бидејќи црните дупки одат многу подалеку кога станува збор за масата, дупката од нашиот соларен систем не претставува грдосија. Ова е затоа што е малку поголема од најмалата можна црна дупка за која се претпоставува дека не може да оди под масата, која е пет пати поголема од онаа која ја има Сонцето.
Малите црни дупки обично не е лесно да се забележат, бидејќи големите, како што е Sagittarius A*, одат и до маса што е милион пати поголема од масата на Сонцето. Тоа, сепак, не е случај со MAXI J1820+070, бидејќи трепери и испушта светлосна радијација, а тоа е токму она што научниците го снимиле со инструментот HiPERCAM на Gran Telescopio Canarias.
Поврзани артикли