Морскиот ангел (Pneumodermopsis cfr. paucidens) е мал пливачки полжав за кој до месец октомври не знаевме дека живее на Јадранот, известува “Podvodni.hr“.
Беше пронајден првиот, а потоа и цел рој и сето тоа на остовот Чиов. Не се знае многу за овој вид, освен дека се храни со друг пливачки полжав (Creseis clava), познат по тоа што ги боцка капачите поради своето боцкасто тело.
Бидејќи се забележани цели роеви и од C. clava, појавата на морскиот ангел би можела да се поврзе токму со нив. Иако досега не биле забележани во Јадранот сепак не мора да значи дека претходно ги немало.
Морските ангели немаат лигави нозе туку развиле поразличен вид на тело со помош на кое пливаат. Тие се хермафродитите кои можат да пораснат до 5 центиметри.
Извор: Telegraf.rs
Поврзани артикли