Не мора да го купувате новиот Pixel за да ја користите една од неговите најдобри функции.
Новата апликација на Google, Recorder ветува дека ќе може да снима, но и да го транскрибира звукот во текст на новиот Pixel 4. Но, не мора да го купувате Pixel смартфон на Google за да ја имате оваа можност и на вашиот телефон.
Сè што е потребно и вие да ја користите новата технологија на Google на вашиот Android телефон, е да ја преземете апликацијата Live Transcribe.
Оваа апликација беше дел од Google Pixel 3 моделот кога беше лансиран минатата година, но може да се преземе и на секој друг телефон. Live Transcribe апликациите ќе работат беспрекорно на кој било телефон што работи со Android 5.0 или понов.
Во прашање е основната верзија на апликацијата Google Recorder за која е потребна интернет-врска за да работи, додека тоа не е случај со оригиналната Google апликација на Pixel 4.
Google ја разви оваа технологија за да им помогне на луѓето, но може да се користи и за продуктивност и за многу други деловни цели.