Конзорциумот „Unicode“ е непрофитна организација која поставува меѓународни стандарди за комуникациски знаци на Интернет – вклучувајќи ги и емотиконите. Секој што сака може да испрати предлог за ново емоџи до конзорциумот. Истиот потоа одлучува, според различни критериуми, дали емотиконот ќе бидат додаден на официјалниот список.
Сега, за првпат досега, организацијата објави список со најчесто користени емотикони во светот. За најчесто користени емотикони се сметаат оние кои дури и влијаат врз категориите и стиловите што ги прифаќа жирито на конзорциумот.
Според „Unicode“ списокот се заснова на „фреквенција во просек на повеќе платформи.“ Емоџите кои имаат различни тонови на кожата и полот се вклучени како еден.
Убедливо на првото место како најкористен емотикон е оној кој се смее со солзи. Второто место е за емотиконот срце, додека на третата позиција е емотиконот со срца во очите. Знакот „лајк“ со кренат палец е дури на 10 место.
Поврзани артикли