Откако Ebay, Visa и Mastercard ја повлекоа поддршката за Libra, Facebook се соочува со уште еден предизвик во врска со оваа криптовалута. Current, компанија за мобилно банкарство го тужи Facebook поради многу слично лого што го избраа за Libra. Технолошкиот гигант ја претстави Calibra како криптовалутa, но и екосистем кој ќе ги опфати партнерските компании.
Во тужбата која е поднесена, Current тврди дека логото Calibra не е само слично, туку е речиси идентично со нивното лого, што може да доведе до забуна и проблеми со идентификувањето на нивниот бренд.
Извршниот директор на Current, Стјуарт Соп, виде сличност во логоата веднаш по претставувањето на Calibra. Тој изјави дека компанијата претходно шест месеци работела на развојот на логото и дека не е фер компанија која ги има сите ресурси на светот да користи туѓ дизајн за своите производи.
Извор: PC Press.rs