Апликацијата Google Maps сега може да им помогне на слепите лица полесно да стигнат до своите дестинации, со тоа што постојано ги потсетува дека се на вистинскиот пат.
Google Maps им дава инструкции на корисниците и ги предупредува на гужва на пешачки премин, ги известува колку се далеку од следното свртување и автоматски може да ги врати на вистинскиот пат доколку треба да застанат, а сето тоа преку говорна навигација.
Google соопшти дека напредното наведување сега е достапно за апликацијата дизајнирана за уреди што работат со iOS и Android. Засега, услугата е достапна на англиски јазик во САД и на јапонски јазик во Јапонија. Се активира е во менито за подесување на апликацијата, а Google најави и воведување нови јазици и држави.