Денеска на 85-годишна возраст во Москва почина човекот кој влезе во историјата како прв кој направил прошетка во вселената излегувајќи надвор од вселенското леталото.
Сите ги помнат Јури Гагарин и Нил Армстронг, првиот како прв човек кој заминал во вселената, а вториот како прв кој стапнал на Месечината. Но, Гагарин при тоа негово патување во 1961 година воопшто не излезе надвор од леталото, туку такво нешто направи Алексеј Леонов во 1965.
Леонов со ракетата Восход 2 на 18 март 1965 замина во вселената каде излезе надвор од лекетата поминувајќи 12 минути пред да се врати назад.
Родум од Сибир, поточно во селото Листвјанка, Леонов беше другар со Гагарин и останатите советски вселенски пионери, но никогаш не ја достигна славата на Гагарин и покрај тоа што отиде чекор понапред од него.
Интересно, Леонов бил планиран да биде првиот човек на Месечината, но проектот на Советите бил откажан откако ја загубиле трката со Американците.