Антарктикот не е место за секого. Суровата клима ги става на тест дури и најголемите авантуристи. Ледената пустина со години е мека за авантуристи, но ретко кој знае што точно може да го чека таму.
Од септември 1960 година до октомври 1962 година, Леонид Рогозов работел на Антарктикот, како единствен лекар во тим од тринаесет истражувачи во станицата Новолазаревскаја, која била подигната во јануари 1961 година. Утрото на 29 април 1961 година, Рогозов доживеал општа слабост, гадење и умерена треска, а подоцна и болка во долниот десен дел на стомакот. Класични симптоми на апендицитис. Единствениот начин да се преживее е операција.
На почетокот на долгата поларна ноќ и транспортот бил невозможен. Снежното невреме не дозволувало воздушно патување, па изборотот на опции за преживување биле мали.
„Очигледно имам апендицитис. Сè чувам во тајност, се смешкам. Не можам да ги исплашам моите пријатели. Нема кој да ми помогне“, напишал Леонид во својот дневник.
Леонид се обидува да ја смири болката со антибиотици, ладење и други познати практики, но ситуацијата полека и сигурно се влошува. Температурата на телото се крева и со тоа започнува повраќање.
„Не спиев синоќа. Имам болки како во пеколот! Снежното невреме ја прободува мојата душа. Сè уште ги немам сите потребни симптоми да кажам дека операцијата е неизбежна, но чувствувам притисок. Веќе го знам единствениот излез: мора да работам сам. Со оглед на можноста да ги прекрстам рацете и да чекам да умрам, ова е подобро решение“.
На 1 мај, лекарот веќе немал друга опција освен да започне со авто-операција. Неговите пријатели биле до него за да му ги даваат алатите, додека друг стоел пред пациентот со кренато огледало. Болката не дозволувала употреба на анестезија. Операторот морал да биде во седечка положба за да може да види што и каде сече. По 30-40 минути со кратки паузи, бидејќи не можел да се концентрира поради болката и вртоглавицата, операцијата влегла во втора фаза. Иако една ваква операција во болница не би траела повеќе од половина час, сепак, во овој случај траела час и четириесет и пет минути.
„Работев без ракавици. Тешко беше да се види. Огледалото ми помогна, но многу често ме збунуваше – сепак, сè покажува обратно. Јас направив сè со допир. Морав да издржам сè за да ја извршам операцијата точно. Го повредив апендицитисот при отворањето и ми требаше време да го сошијам. Со допир сфатив дека има многу повеќе проблеми отколку што се сомневав. Одморав 30 секунди на секои 4-5 минути. Имав слепо црево! Сфатив низ темните дамки дека немаше да преживеам повеќе од еден ден, ако не се оперирав“,забележал Рогозов.
По 5 дена во кревет, температурата на лекарот почнала да се враќа во нормала. Седум дена подоцна, Рогозов ги извадил конците. После две недели, тој повторно започна да работи. Во 2000 година почина од рак на белите дробови. Неговиот подвиг до денес е претставен како пример за човечката волја за живот.
Поврзани артикли