Motorola се подготвува за објава на својот прв паметен телефон со pop-up селфи камера. Уредот има 32MP сензор, сместен во pop-up модул, кој е рамен со испакнатината за системот на камери на задната страна.
На задната страна ќе се најде уште еден сензор со висока резолуција – главната камера од 64 MP. Ова е надградба во однос на 48 MP сензор кој го имаат Motorola One Zoom и Vision моделите. Тука е само уште 8MP сензор на длабочина, така што нема ултраширок или телефото сензор. Главната камера може да снима 4K/30fps видео, а нуди и 120fps slow-mo @1080p и 240fps @720p.
Телефонот има 6.39-инчен IPS LCD ekran, со 1080p+ резолуција. Во прашање е Always On Display, а нема да постои ни читач на отпечатоци од прсти кој е вграден во екранот. Сензорот за отисоци од прсти се наоѓа на задната страна на телефонот.
Иако не го знаеме конкретното име на теелфонот, во прашање е Motorola One модел, што значи дека користи речиси фабричка верзија на Android 10. Го покренува Snapdragon 675 чипсет, со 4GB RAM и 128GB простор за складирање.
Просторот за складирање е можно да се прошири преку microSD слот, кој е хибриден и може да искористи две nanoSIM картички. Присутни се и USB-C port и 3.5 мм приклучок за слушалки, како и FM радио.
El LED trasero del nuevo Motorola "todo pantalla", en vídeo!
MÁS INFO / More info: https://t.co/faG7JH1mq2 pic.twitter.com/nuNLzVMqfP
— Pro Android ? (@ProAndroid) October 7, 2019
Поврзани артикли