Според гласините, Apple до крајот на годината ќе објави 16-инчен MacBook Pro. Се очекува ова да биде најголемиот лаптоп на компанијата во моментната понуда, откако беше укината 17-инчната MacBook Pro линија пред неколку години. Меѓутоа, покрај новиот дисплеј, новиот лаптоп би можел да има и нова тастатура.
Сега најновите информации сугерираат дека MacBook Pro од 16 инчи ќе имплементира и најбрза опција на полнење, која Apple досега ја имаше во своите лаптопи. Се споменува дека лаптопот би можел да се испорачува со 96W USB-C адаптер за полнење.
Ова е надградба во однос на 87W USB-C адаптер кој се испорачува со 15-инчните MacBook Pro модели. Останува да се види колку зголемувањето на капацитетот ќе влијае и на брзината на полнење, со оглед на тоа дека со зголемување на екранот, лаптопот би можел да троши повеќе.
Поврзани артикли