На 30 октомври во Public Room ја продолжуваме традицијата и ви го носиме 7-мото издание на InTech Meetup чија цел е да ја едуцира македонската ИТ заедница и да поттикне вмрежување и размена на знаење.
Седмото издание на InTech Meetup ќе донесе врвни говорници кои ќе зборуваат на тема “Cloud Computing: Today and Tomorrow”.
Да го споделат своето знаење со вас во Скопје ни доаѓаат Alex Casalboni од AWS и Asif Khadim Malik од Alibaba Cloud. Дополнително, ќе имате и можност да присуствувате на Q&A сесијата предводена од Здравко Спасев, DevOps Lead Engineer во InPlayer.
Alex е експерт за Cloud во AWS. Неговиот придонес во open-source проекти како што се Serverless Framework и AWS SAM е од исклучителчно значење. Ко-организатор е на ServerlessDays во Милано и како технички евангелист често зборува на конференции низ целиот свет, ги поддржува заедниците на софтверски инженери и им помага во градењето на апликации во Cloud.
Asif работи како Solutions Architect во Alibaba Cloud и стои зад некои од најголемите технолошки трансформации во финансискиот и јавниот сектор. Во неговото претходно работно искуство е дел од реномирани светски компании како што се IBM, Oracle и Alibaba Cloud. Тој е водач кој им помага на индустриите на глобално ниво да иновираат со имплементирање на нови технологии.
За оние кои сакаат да се здобијат со повеќе практично знаење на оваа тема може да се пријават и да присуствуваат на работилницата предводена од Гоце Стефков, AWS Engineer во InPlayer на тема „Building with the AWS cloud development kit“.
Бројот на места за работилницата е ограничен, па затоа побрзајте и заедно со регистрацијата потврдете го вашето учество.
Зад организацијата на овој настан стои InPlayer, а на наше големо задоволство истиот е поддржан од нашите партнери Cognism и SMS Construction.
Како поддржувачи на настанот се јавуваат IT.mk, Радио МОФ, Smartportal.mk и Пиксел.
Регистрирајте се на следниот линк и ве очекуваме на 30 октомври во Public Room.
За повеќе информации, следете нѐ на Facebook, Instagram, Twitter или преку #intech хаштагот.