Научниците Вилијам Кeлин, Питер Ретклиф и Грег Семенза ја добија Нобеловата награда за медицина во 2019 година за откривање „како клетките се чувствуваат и се прилагодуваат на достапноста на кислородот“, соопшти шведската Академија.
„За основната важност на кислородот се знаеше со векови, но како клетките се прилагодуваат на промените во нивото на кислородот долго време беше непознато“, се истакнува во соопштението на Нобеловиот комитет.
„Годинашните добитници на Нобелова награда го открија механизмот на еден од најважните животни адаптивни процеси“, пишува во соопштението, во кое се додава дека нивните „елегантни“ откритија доведуваат до третмани за анемија, па дури и карцином.
Наградата носи и девет милиони шведски круни (913.000 американски долари), пренесува „Ројтерс“.
Поврзани артикли