Нуклеарната „Петка“
Во декември 1958 година недалеку од германскиот град Фирстенберг еден таен проект беше веќе при крај. Советските стручњаци незабележано извезоа и во Источна Германија поставија два дивизиони најнови балистички ракети со среден дострел Р-5М со нуклеарни боеви глави.
Четири ракети беа насочени кон Англија, осум кон Париз, Брисел, Бон и кон Рурската индустриска област во Западна Германија. Можните непријатели за тоа не знаеја ништо. СССР ваквото оружје тогаш за првпат го постави надвор од својата територија.
Првото лансирање на стратешката ракета Р-5
Р-5М останаа кратко во Источна Германија. Веќе наесен 1959 година и двата дивизиони се вратија во Калининградската област. Дотогаш во составот на вооружувањето веќе дојде ракетата Р-12 со дострел од 2080 километри, така што повеќе немаше потреба да се разместуваат ракети во странство. Р-5 остана во борбено дежурство сè до 1968 година.
Дмитриј Козлов се наоѓаше на чело на тимот кој оваа ракета ја проектираше на почетокот на педесеттите години од минатиот век. Работата на „Петката“ следеше по неуспехот со „Тројката“, на која ѝ беа поставени недостижни задачи. Меѓу другото, Р-3 требаше да има дострел од три илјади километри. Или на конструкторите не им тргнало од рака зашто не имаа ниту искуство, ниту материјали, ниту опрема за такво нешто.
Дострелот на ракетата Р-5 е сведен на 1.200 километри. За конструкцијата да биде што е можно полесна, од ракетата е отстранет херметичкиот инструментален отсек, како и термоизолацијата на одделот со кислород.
Р-5 беше подготвуван за распрскувачка боева глава тешка еден тон, но во војската сепак стаса нејзината модификација Р-5М, првата балистичка ракета на светот со нуклеарно полнење.
Со дострел од 1.200 километри овие ракети од границите на СССР можеа да стасаат до сите објекти на НАТО во Западна Европа. Тие беа распоредени во речиси сите дивизиони на инженерските бригади на резервата на Врховната команда, а ги добија 15 полкови на Военото воздухопловство.
Далекустрелна „Седмица“
Во јануари 1960 година во состав на вооружувањето влезе ракетата Р-7, првата интерконтинентална балистичка ракета на светот чија боева глава од три мегатони може да се испрати на оддалеченост од осум илјади километри. Оваа ракета беше вистинско чедо на Дмитриј Козлов.
Така беше завршена нуклеарната доминација на САД кои се потпираа на своите бомбардери. Советскиот Сојуз доби можност да ја нападне американската територија без користење на авијацијата.
Првиот степен на ракетата се состои од четири странични блока, симетрично распоредени околу вториот степен. Вториот степен содржеше инструментален дел, резервоари за оксидациски агенс и гориво, погонски оддел, главен мотор и четири управувачки системи. Како агенс е користен течен кислород, а како гориво керозин.
„Седмицата“ до целта ја водеше комбинираниот систем за управување. Неговите потсистеми беа задолжени за стабилизација за време на летот.
Првото лансирање на ракетата Р-7
Се смета дека Р-7 е најуспешната советска ракета. Во 1957 година таа во Земјината орбита го има подигнато првиот вештачки сателит, а во 1961 година првиот вселенски брод кој носеше човек. Современите ракети-носачи од семејството „Сојуз“ се нејзини директни потомци.
Воен „Сојуз“
До средината на 1967 година група конструктори под раководство на Козлов направи во реална големина макета на необичниот вселенски брод 7К-ВИ, вооружен со брзострелен автоматски авиотоп со калибар од 23 милиметри НР-23. Ова оружје беше прилагодено за гаѓање во безвоздушен простор и наменето за одбрана на бродот од сателити-пресретнувачи и непријателски бродови-инспектори.
Дмитриј Козлов
Воениот космички апарат кој беше проектиран во рамките на тајната програма „Звезда“ имаше оптички визир ОСК-4 со фотоапарат за снимање на Земјината површина.
Специјалната апаратура „Свинец“ („Олово“) овозможуваше следење на лансирањето на балистичките ракети. Како извор на енергија се користени два радиоизотопни термогенератори.
Во јануари 1968 година проектот беше затворен поради повеќе причини. Непроценливото искуство добиено за време на проектирањето на воениот „Сојуз“ послужи за создавање вселенски бродови за повеќе лица.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли