Ураганот Лоренцо од категорија 2 ги погоди Азорските острови и архипелагот во средниот Алтантик. Тој е проследен со обилни врнежи од дожд, силни ветрови и високи бранови.
Азорската агенција за цивилна заштита соопштила дека двата најпопуларни острови претрпеле помали штети, вклучувајќи срушени дрвја и водоводите за струја, но дека нема пријавено повредени лица.
Шефот на агенцијата, Карлос Невес, изјавил дека две семејстава биле навреме евакуирани.
На тие девет вулкански острови живеат околу 250.000 луѓе.
Португалската метеоролошка агенција известила дека ветерот бил со брзина од 145 км/ч. што е послабо од предвиденото.
Ураганот Лоренцо произведува големи водни бранови во северниот Атлантик додека се движи североисточно кон Ирска и Велика Британија.
Како што изјавуваат репортерите кои се таму на лице место, островот Терцеро синоќа го погодил ураганот Лоренцо кој и во наредните денови ќе поминува низ Атлантскиот океан, а на овој остров ќе остане присутен до вечерните часови. Островите Флоренс и Цорво нема да имаат толкава среќа затоа што се наоѓаат во самиот епицентар на ударот.
Извор: B92.net