Twitter веќе некое време работи на неколку функции кои се создадени за подобрување на корисничкото искуство. Популарната страна за микроблогирање во јули имаше веќе редизајн на својата десктоп верзија, а во август компанијата додаде код кој на корисниците им овозможува да ги пребаруваат луѓето и групите во своите директни пораки.
Истиот месец, Twitter јавно објави дека работи на создавање филтер кој ќе ги избрише потенцијалните навредливи пораки од луѓе кои не го следат вашиот профил. Сега споменатиот филтер конечно излезе од фазата на тестирање и се доставува до корисниците на Android, iOS и веб платформите.
Новиот филтер додава дополнителен изглед на DM (direct message) барања во инбокс. Корисникот ќе има опција да ги избришe сите пораки дури и без потреба за отварање на истите. Филтерот ќе биде добредојден додаток кој ќе биде прифатен од многу корисници, бидејќи во минатото имаше многу поплаки за несоодветни DM барања.
Извор: Benchmark.rs