Honor подготвува уште еден телефон, кој би можел да се појави заедно со неодамна најавениот V30. Уредот со број на модел LRA-AL00 е сертифициран од кинеската CCC агенција.
Според непроверени информации, во прашање е следниот модел во рамките на Honor Note линијата, а телефонот би требало да го наследи Honor Note 10 моделот. Сертификацијата не открива многу детали за телефонот, освен тоа дека ќе поддржува полнење од 20W.
Еден дојавувач од Кина сугерира дека наредниот Honor Note ќе има Kirin 810 чипсет и 64MP главна камера на задната страна. Телефонот би требало да биде сместен во средниот сегмент кога е во прашање цената, а би можел да биде претставен заедно со Honor V30 кон крајот на октомври.
Поврзани артикли