Истражувачите од Кинеската академија на науки создале преносливо сонично оружје дизајнирано да им помогне на војската и властите за спроведување на законот да ги растеруваат толпите.
Сè што треба да направи управувачот е да ја насочи со направата кон толпа и да пука, па фокусирани звучни бранови ќе предизвикаат болни вибрации во ушните тапанчиња, очните јаболка и мозоците на метите.
Главниот истражувач во проектот, Сје Сјуѓуен, истакнува дека соничното оружје работи со инертен гас. Кога гасот ќе се загрее, честичките почнуваат да вибрираат и направата емитува длабок, монотон звук. Кога го тестирале оружјето на поле, истражувачите утврдиле дека предизвикува екстремна неудобност.
Соничните оружја не се ништо ново. Во 2016 година се претпоставуваше дека непознат напаѓач можеби искористил сонично оружје против персонал на американската влада во Хавана, Куба, а има и други известувања за сонични напади.
Примарната разлика меѓу минатите оружја и ова на Кинезите е преносливоста. Додека претходните беа големи направи обично монтирани на возила, ова е големо колку пушка. Тоа значи дека на кинеските службеници ќе им се олесни распоредувањето и тоа може да се случи многу скоро ако се има предвид дека Кина веќе го одобри дизајнот за масовно производство.
Извор: Факултети