Меѓународните вселенски агенции решија леталото на НАСА намерно да го судрат со астероидот Дидимос Б, помалиот во бинарниот астероиден ситем Дидимос, за да ја пренасочат траекторијата на астероидот.
На тој начин научниците сакаат да вежбаат заштита на нашата планета од иден можен судир со астероид.
Европската вселенска агенција (ЕСА) и НАСА најавија уште во 2015 година започнување на заеднички проект за проценка на влијанието на астероидот и редирекција (АИДА), но неодамнешните откритија од други мисии на астероиди ги сменија некои од нивните концепти, пренесува Science Alert.
На пример, кога вселенското летало на ЈАХА, Хајабуса-2 го бомбардираше астероидот Рјугу во април годинава, тој направи многу поголем кратер од очекуваното. Покрај тоа, таа беше забележано дека материјалот на површината на астероидот се однесува како песок; што може да влијае на ефикасноста на кинетичката девијација.
„Кога Хајабуса-2 беше бомбардиран од астероид, тој не покажа кохезија на површината и реголитот се однесуваше како песок. За време на овој процес, гравитацијата беше доминантна, а не внатрешната јачина на материјалот од кој беше направен астероидот”, објасни планетарниот научник Патрик Мишел од Францускиот национален центар за научни истражувања (CNRS).
Лансирањето на леталото на НАСА, Double Asteroid Redirection Test (DART) се очекува во јули 2021 година , а судирот со астероидот во септември 2022 година. Судирот ќе го сними мал уред ,кој ќе се одвои од DART пред него, а телескопите на Земјата ќе го следат последователното однесување на Дидимос Б за да утврдат дали е сменета неговата патека.
Ова е проследено со вториот дел од мисијата, кога во 2023 година ЕСА ќе ја испрати Хера, помало вселенско летало за набљудување , кое треба да стигне до Дидимос Б во 2027 година и подетално да го набљудува.