Научниците на НАСА прв пат со телескоп зебележале огромна црна дупка како уништува ѕвезда и го снимиле целиот процес од почеток до крај.
Ѕвездата оддалечена 375 милиони светлосни години е со големина колку нашето Сонце. Настанот го снимил сателитот TESS на НАСА откако претходно бил откриен со помош на неколку различни телескопи.
Астрономите ја искористиле Меѓународната телескопска мрежа за откривање на феноменот пред да се свртат кон ТЕСС, кој е дизајниран да ги „лови“ далечните планети и го сними почетокот на драматичниот настан, докажувајќи ја неговата ефикасност во набудувањето на вселената.
Visualize a mind-bending black hole ?
The gravity of a black hole is so intense, it distorts its surroundings like a carnival mirror. Simulations help us see what Einstein meant when he said gravity warps the fabric of space & time. Get sucked in: https://t.co/9TK79WZ6Fr pic.twitter.com/B6k7cHjpA6
— NASA (@NASA) September 26, 2019
„Тоа е комбинација на способност и среќа и понекогаш треба да ја туркате науката напред“, рече астрономот Томас Холоин од Институтот за наука Карнеги, кој го водеше истражувањето, објавено во „Астрофизички журнал“.
Ваков феномен се случува кога ѕвезда ќе дојде премногу блиску до супермасивна црна дупка, објект кој постои во средината на многу галаксии вклучително и нашата Млечен Пат. Снажните гравитациски сили на црните дупки ја уништуваат ѕвездата, дел од неа се распрснува низ вселената, а остатокот влегува во црната дупка притоа формирајќи жежок и сјаен диск.