Се поголем е бројот на автомобилски компании кои претставуваат свои модели на електрични тротинети
Ниту една (голема) автомобилска компанија не сака да ја пропушти електричната револуција и се подготвуваат за големи пазарни промени кои што ќе се случат во текот на следната деценија, кога многумина со е-возила ќе ги заменат бензинците и дизелите. Но, покрај електричните автомобили, некои компании се заинтересирани и за алтернативните транспортни пазари, пред се на попопуларните електрични тротинети. Иако мислењата за ова ново градско возило се поделени, сè повеќе се оние кои автомобилите и метежот во јавниот превоз го замениле со возење на две (мали) тркала.
Тоа значи дека кога ќе го паркирате автомобилот, го земате тротинетот од багажникот и можете да продолжите до вашата крајна дестинација со најголема брзина до 20 km/h и опсег на автономија од околу 20 километри што треба да биде доволно за повеќето корисници. Има вграден екран кој ги прикажува информациите за батеријата и бната, како и предните и задните светла при ноќно возење.
Минатиот месец поинаков електричен тротинет претстави и Audi – нивниот e-tron hybrid е помеѓу електричен тротинет и скејтборд и наменет е да се вози со едната рака на управувачот, додека со другата, на пример, може да се даваат знаци (на пример, за насоката на движење и слично). Ова возило тежи 12 килограми и исто така може да се склопи за да биде лесно преносливо. Опсегот и во овој случај е 20 километри и брзина до 20 km/h. Неговата цена ќе биде околу 2.000 евра, а на пазарот се очекува кон крајот на следната година.
Свој модел на електричен тротинет најави и BMW – во соработка со Micro, компанијата претстави модел чија продажба треба да започне овој месец по цена од скоро 900 долари. Додека максималната брзина е стандардна и изнесува 20 km/h, по однос на автономијата заостанува зад конкуренцијата. Со едно полнење на батеријата би требало да се поминат 12 километри. Соработка со истата компанија најави и Mercedes-Benz. На Саемот за автомобили во Франкфурт тие најавија електричен тротинет, за кој велат дека е „флексибилно решение за мобилност“. Деталите за автономијата и батеријата засега не се познати, а на пазарот се очекува на почетокот од следната година.
Seat уште минатата година го претстави eXS KickScooter, производ во соработка со Segway. Максималната брзина е до 25 km/h, додека со едно полнење на батеријата може да се вози до 25 километри. Цената е далеку подостапна во однос на конкуренцијата, односно може да се купи за околу 600 евра. Тежи 12 килограми, а на батеријата и се потребни околу 3 часа за целосно полнење на батеријата.
Покрај електричните ромобили, некои компании како Ford, Peugeot и GM претставија електрични велосипеди, додека Фолксваген претстави интересни хибридни уреди, комбинација на е-велосипед и тротинет.
Извор: Додај Гас