Дел од Австралија одлучи да стави крај на возачите кои користат мобилни телефони додека возат. За подобрување на безбедноста во сообраќајот, ќе бидат поставени камери со најнова технологија за препознавање и откривање на смартфони.
Експертите од Нов Јужен Велс тврдат дека кај возачите кои ги користат мобилните телефони додека возат, ризикот од сообраќајна несреќа е четири пати поголем. Загрижувачки факт за експертите е дека бројот на сообраќајни несреќи во кои учествуваат возачи кои користат мобилен телефон додека возат се повеќе расте.
Властите во оваа австралиска држава најавија инсталација на 45 камери со специјална технологија за идентификација и откривање на мобилни телефони. Нивната инсталација треба да заврши до декември 2019 година.
Австралија на тој начин ќе стане првата земја во светот која ќе ја користи наведената технологија за казнување на возачите кои користат мобилни телефони додека возат.
Прашање на време е кога истата технологија ќе стане стандардна за безбедноста во сообраќајот и во остатокот од светот, бидејќи многу возачи имаат навика да гледаат во мобилните телефони додека возат, без разлика дали станува збор за текстуални пораки, повици или социјални медиуми.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли