Истражувачки брод на руската морнарица е потопен на Арктикот, а за среќа морнарите упеале да спасат жива глава во последен момент.
Бродот на руската морнарица на Арктикот, верувале или не, бил потопен од страна на морж! Оваа неверојатна вест делумно ја потврдија од Министерството за одбрана на Русија, иако негираа дека малиот истражувачки брод бил целосно потопен.
Од таму открија дека бродот бил само нападнат и дека екипажот на бродот во последен момент спасил жива глава.
Нападот на Алтаи, малиот истражувачки брод на руската морнарица кој превезувал научници во архипелагот Земја на Франц Јосеф бил изведен од страна на голема женка морж која што најверојатно ги бранела своите младенчиња.
„Овие поларни краеви секако кријат многу опасности“, објавија научниците на крајот од својата авантура.
Руските научници се спасиле во последен момент така што се префрлиле на друго пловило кое што ги одвело до копното.
„Сериозни последици беа спречени благодарение на одлично координираната акција на припадниците на Северната флота на руската морнарица. Тие успеаа да се оддалечат од животното без да го повредат“, стои во соопштението на руската морнаарица.
Од руската армија не споменуваат било какво губење на вредна опрема, но во извештајот на тамошното Географско друштво е наведено дека ибродот бил целосно потопен.
„Моржот го потопи бродот, а трагедијата е избегната благодарение на паметните и координирани потези на лидерите на експедицијата“.
Извор: Jutarnji list.hr