Населувањето на Марс се ближи до реалноста, а стратегијата за преживување на луѓето на Црвената планета подразбира исхрана која вклучува инсекти.
Се смета дека ресурсите како енергијата, водата и кислородот се достапни на Марс, но одржливо снабдување со храна, веќе долго се смета за непремостива препрека.
Сепак, научниците сметаат дека клучот на успехот во намерата за населување на Марс, лежи во одгледување на месо во лабораторија но и јадење инскети. Експерти од универзитетот на Флорида смислиле план за одржување на милионски колонии луѓе.
„Најтешко ќе биде правењето на храна на Марс и ако сакате да ја имате доволно, морате да се потпрете на транспорт. Една од намирниците која во тие оконости би вредела се инсектите“ рекол Кит Кенон, коавтор на студијата.
Изгрдба на фарма на инсекти на Марс би била ефикасна стратегија, бидејќи за нивното одгледување е потрбно мало количество вода, додека инсектите како храна, се калоричен и хранлив оброк. Брашно направено од скакулци е посебен производ кој научниците го препорачуваат.