Како што обично се случува, големите скандали се причина некои работи да се променат, па така е и во работењето на компанија како што е Google. И вој пат се работи за приватноста на корисниците, поточно за следење на локацијата, а проблемот се појави кога се дозна дека компанијата ја следи локацијата на корисниците и без нивна согласност. Потоа следуваа исправки, но проблемот е во тоа што не можеа да се применат на апликациите во рамките на кои локациите се од клучно значење.
Една од таквите апликации секако е Google Maps, и Google одлучи да се позанимава и со тој проблем, за да за заштитат информациите за движењето на корисниците. Токму поради ова и апликацијата ќе добие Инкогнито мод, а опцијата веќе се тестира.
Еден од начините да се сочува приватноста кога е во прашање Google Maps е корисникот да ја исклучи својата Google сметка, што не е посебно пријатно и што нема да биде неопходно кога Инкогнито режимот ќе пристигне на апликацијата. Така корисниците ќе можат да ја вклучат опцијата баш како на Chrome или YouTube, а за да избегнат пребарувањата и локациите од Maps да се поврзуваат со нивната Google сметка. За новата опција се говори веќе четири месеци, што укажува на тоа дека е во подготовка, а Инкогнито модот ќе биде во функција во сите области каде што функционира и Google Maps апликацијата.
Поврзани артикли