TCL претстави два нови Alcatel ретро преклопни смартфони, а тоа се Go Flip 3 и SmartFlip.
Иако имаат ретро изглед, уредите добија низа модерни апликации и услуги и поддржуваат 4G мрежа. Благодарение на оперативниот систем KaiOS, купувачите ќе можат да ги користат YouTube, Google Maps, Google пребарувањето, оа дури и Google Assistant. Говорните команди ќе можат да се користат за диктирање пораки, воспоставување повици и стартување апликации.
Сепак, спецификациите се ограничени. Големината на главниот екран изнесува 2,8 инчи, а интерната меморија само 4 GB. Сепак, можно е да се надгради за дополнителни 32 GB со помош на microSD картичка. Одзади е камерата од 2 MP, а напред е екстерниот екран на кој се прикажуваат нотификации. Батеријата е импресивна и трае 27 денови во standby мод, односно седум часа разговор преку 4G мрежата.
TCL не ги наведе разликите во спецификациите помеѓу двата уреда и веројатно само се работи за поинакво име за различните мрежи. Продажбата почнува кон крајот на септември, односно почетокот на октомври, зависно од провајдерот.