Што можеме да очекуваме од јужнокорејскиот технолошки гигант?
Во 2019 година NASA прослави 50 години од историската мисија на Аполо 11 и првото слетување на месечината. Светското првенство во кошарка само што заврши, а на 19. декември ќе се претстави и третото и последно продолжение од трилогијата „Star Wars“. Последната година од оваа декада ќе се памети по многу значајни случувања. Воедно, 2019. претставува и многу значаен јубилеј во историјата на компанијата Samsung Electronics која го прославува своето 50. годишно постоење во светот на технологијата.
Сѐ започнало во 1969. година, кога Samsung го претставил својот прв црно-бел телевизор и започнал со извозот на производи надвор од Кореја. Секако, патот до успехот бил полн со подеми и падови, сѐ додека Samsung не прерасна во лидер и еден од најголемите технолошки иноватори во светот.
Со премисата „Инспирирај го светот, создади ја иднината“, која претставува дел од визијата на компанијата за 2020. година, Samsung ги заинтригира сите љубители на технологијата и ги наведе да размислуваат за тоа што следи.
Во однос на тоа, најавено е дека во иднина ќе се инвестира во старт-ап компании, со фокус кон вештачка интелигенција, Интернетот на нештата, надградена и виртуелна реалност и blockchain технологијата, како и дека овие техники компанијата ќе ги користи во производството на своите идни уреди.
Ќе биде феноменално да се види што има Samsung подготвено за своите корисници во годините кои следат. Тоа што е сигурно е дека компанијата ќе остане еден од најголемите иноватори кога се во прашање оригинални производи и услуги.
Покрај иновациите и технологијата, грижата за корисниците и нивните потреби низ целиот свет уште од самиот почеток е сржта на мисијата и визијата на компанијата. Токму затоа, Samsung одлучи да го прослави овој јубилеј во Македонија донирајќи од сопствените врвни технолошки производи на тие на кои најмногу им треба помош, олеснувајќи им го животот и овозможувајќи им поголема функционалност. Покрај тоа, вработени ќе учествуваат во низа волонтерски активности, давајќи свој личен придонес за локалната заедница.
Покрај општествено одговорните активности, компанијата ќе ја одбележи оваа важна годишнина и со уникатни понуди кои ги подготви за своите корисници. Воедно, покрај изненадувањата во вид на промоција, корисниците секоја недела ги очекува и врвна сервисна акција. Во рамки на првата промоција, која почнува овој петок, секој корисник помеѓу 20. септември и 10. ноември 2019. година ако купи било кој уред од понудите на Samsung за куќните апарати (машини за перење и сушење на алишта, фрижидери и вградни уреди) ќе добие 25% попуст.
За повеќе информации за промоцијата, посетете ја https://www.samsung.com/mk/offer/smart-saving/.
Поврзани артикли