Археолозите го откриле најстариот чај на светот меѓу богатството кое е погребано со кинесиот цар Јинг од Хан кој владеел со Кина од 157-та до 141-та година пред нашата ера.
Тоа значи дека листовите кои биле пронајдени во неговиот гроб се стари околу 2.150 години.
Кинескиот цар Јинг од Хан толку многу сакал чај што бил погребан со него. Тоа го откриле научниците од Кинеската академија на науките.
Проучувајќи ги кристалите од површината на листовите и користејќи техника на “масена спектометрија“, откриле дека листовите кои биле закопани со овој кински цар се всушност чај.
Научната анализа на храната и другите работи кои се наоѓале во гробницата открила дека Јинг со себе во “другиот живот“ однел и просо и ориз.
Овој љубител на чај бил погребан во 141-та година пред нашата ера, па се претпоставува дека и чајот е од таа година. Него го откриле во древна кутија која содржела голем број предмети кои на царот ќе му послужат во другиот живот. Во гробницата имало оружје, статуи, керамички животни.
Иако гробницата која се наоѓа во близина на Јинговата престолнина Чанана била ископана во 1990-та година дури сега преку научни методи откриено било дека таму имало и чај. Таа сега отворена е и за посети:
„Откритието на чајот во царевата гробница ни дава увид во древната традиција и за потеклото на еден од омилените напитоци„ – изјавил професорот Доријан Фулер, директор на Меѓународниот центар за кинеско наследство и археологија кое се наоѓа во Лондон.
Извор: Blic.rs