На најзначајниот саем за потрошувачка електроника во светот, IFA 2019 се претставија брендовите кои долго време ги задоволуваат потребите на корисниците на македонскиот пазар Vivax, MS Start и MS Energy. Тие заедно го претставија својот асортиман на публиката во ЕУ.
„Претставувањето на Vivax производите на овој светски саем е јасен показател за озбилноста на нашето работење и долгогодишниот метод на работа во градење на квалитетот на нашите производи. Овој сигурен систематски пристап во работата е проследен од двата наши млади бренда MS Start и MS Energy.“, вели Владимир Бркљача, извршен директор на одделот за овие брендови во склоп на M SAN групата.
„Vivax веќе 15 години е препознатлив на територија на Хрватска и соседните држави како бренд кој има одличен баланс помеѓу цената и квалитетот. Успешно работиме во Адрија регионот и нашата цел е во наредниот период да го развиеме нашето работење на пазарите во средна и северна Европа. Паралелно продолжуваме со развојот на нашето работење на големите пазари на западна Европа како што се Германија, Франција, Италија и Шпанија“, истакнува Бркљача.
На 50 метри квадратни од модерно дизајнираниот изложбен простор во павилјон 25 од Берлинскиот IFA саем се изложени повеќе од сто производи. Овој простор беше место за работни состаноци и договори со дистрибутери и корисниците на територијата на ЕУ, Русија и Блискиот исток.
На IFA 2019 саемот Vivax го претставува целиот асортиман на производи. Од широко познатите и повеќекратно наградените Vivax клима уреди од Best Buy и QUDAL, Vivax малите куќни апарати па сѐ до Vivax телевизорите признаени од корисниците. На саемот ќе се претстави и најновиот Vivax Pure Sound паметен телевизор кој доаѓа од сопственото производство на ТВ уреди сместени во Ругвица, веднаш до Загреб. Сопственото производство лоцирано во Хрватска на Vivax му дава полно право да на своите ТВ уреди го истакне нивното ЕУ потекло.
„Крајот на минатата година и почетокот на оваа вработивме многу лица во Словенија, Чешка, Словачка, Унгарија, Бугарија и Полска и планираме вработувања во Романија. Со градењето на присутноста на пазарите во ЕУ го развиваме работењето надвор од ЕУ и од неодамна сме присутни во Арменија. Воедно, уште од 2014. година сме присутни на прекуокеанските пазари. Овој позитивен тренд на проширување на Vivax брендот за нас е голем успех и јасен показател дека во Хрватска имаме што да понудиме и покажаме надвор од нашиот регион, т.е. може да бидеме конкурентни и надвор од границите на ЕУ.“, посочи Ален Агатич, експорт менаџер на претставените брендови на M SAN група.
„Да, до денес имаме потврдени термини на состаноци со постоечки и потенцијални нови бизнис партнери од 26 држави, а додатно добиваме барања за дополнителни термини. Иако ќе работиме на тоа да се видиме со сите, нашиот примарен фокус е на територијата на Европа, а последната цел е да достигнеме високо ниво на препознатливост на Vivax како бренд на корисничка електроника која нуди највисок квалитет за вложените пари во Европа во наредните 5 години каде ќе ја прославиме 20 годишнината на постоењето на брендот.“, заклучува Бркљача.
Поврзани артикли