Откако ги поправи сите недостатоци, Samsung сепак го издаде својот прв паметен телефон на преклопување – Galaxy Fold. Официјалната цена на уредот е околу 2010 долари, но новитетот сè уште се продава само во Јужна Кореја. Сепак, на кинескиот пазар се појави необичен уред со повисока цена.
Според извештаите, првата серија на Galaxy Fold е објавена во Јужна Кореја, а истата брои само 1000 примероци. Дури и за толку скап уред, ова е исклучително мала понуда, затоа и се очекува голема побарувачка на пазарот. Кинеските препродавачи кои успеаја да набават неколку уреди се подготвени да ги продадат за скоро двојна цела – 4855 долари.
На 18 септември, Galaxy Fold ќе излезе во продажба во Германија, Франција и неколку други европски земји, а една недела подоцна и во Соединетите држави.